Историја
ТАВ Аеродроми е успешна приказна во воздухопловната индустријата, испишана со знаења, вештини, искуство и креативност.
Историјата на компанијата датира уште од 1997 година, кога првично била основана за развој и управување со аеродромот Ататурк во Истанбул, кој е еден од првите примери на BOT (Building-Operation-Transfer – изградба, управување, трансфер) проекти во светот. Оваа инвестиција, одразувајќи ја современата слика за Турција, исто така стана и првиот конкретен чекор од успешната приказна на ТАВ.
ТАВ прерасна во глобален бренд во полето на аеродромско работење или аеродромски операции, благодарение на знаењето и вештините, високо квалификуваните човечки ресурси и напредната технологија. По процесот на преструктурирање во 2006 година во согласност со своите цели, компанијата изврши реорганизација на своите управувачки бизнис-активности и активностите во делот на градежништво, како холдинг ТАВ Аеродроми и ТАВ Констракшн, соодветно. По оваа реорганизација, холдингот ТАВ Аеродроми за првпат котираше на берза во февруари 2007 година. Во мај 2012 година, Групацијата АДП стана мнозински акционер на ТАВ Аеродроми.
Како членка на Групацијата АДП, ТАВ Аеродроми е дел од водечката платформа за управување со аеродроми на глобално ниво. Компанијата управува со аеродромите во Анталија, Анкара Есенбога, Аднан Мендерес во Измир, Милас-Бодрум и Газипаша-Аланија во Турција. Надвор од Турција, ТАВ управува со аеродромот во Алмати во Казахстан, аеродромите во Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, аеродромите во Скопје и во Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и со аеродромот во Загреб во Хрватска.
Преку своите подружници, ТАВ активно учествува и во бизнисот со комерцијални услуги на аеродромите, вклучувајќи ги: бесцаринските продавници; угостителските услуги со храна и пијалаци; аеродромски операции за прифат и отпрема на воздухоплови, патници, багаж, стока и пошта; ИТ-услуги; приватно обезбедување и управување со други комерцијални услуги на аеродромите. На аеродромот Рига во Латвија, ТАВ управува со бесцаринските продавници, кетерингот и другите комерцијални области. Компанијата котира на Истанбулската берза.
Корисни информации

Паркинг
Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време
Често поставувани прашања
До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.
Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333