ТАВ најавува: airBaltic влегува на македонскиот пазар со нова сезонска авиолинија: Скопје – Рига

ТАВ најавува: airBaltic влегува на македонскиот пазар со нова сезонска авиолинија: Скопје – Рига

Новата сезонска авиолинија ќе сообраќа во периодот   
3 мај – 30 септември 2024 година 

 

ТАВ Аеродроми со воодушевување го најавуваат влегувањето на нова авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар, водечката авиокомпанија на Балтикот, латвиската авиокомпанија airBaltic и воведувањето на нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје, на релација Скопје–Рига–Скопје, откако авиокомпанијата го најави распоредот на летови со сите нови линии за следната летна сезона во 2024 година.  

Македонскиот главен град Скопје ќе биде поврзан со Рига, главниот град на Латвија, два пати неделно, од 3 мај, 2024, до 30 септември, 2024.    

 

Новата сезонска авиолинија на airBaltic, од скопскиот аеродром, ќе им овозможи на клиентите поврзување од витално значење со балтичките држави и светот и ќе им овозможи да ги истражуваат овие различни региони со огромна леснотија и удобност. 

 

Претставниците на ТАВ Аеродроми се воодушевени за веста дека airBaltic од следната летна сезона во 2024 година влегува на македонскиот авијациски пазар со воведување на новата авиолинија Скопје–Рига–Скопје, бидејќи оваа новина ќе создаде зголемени можности за клиентите кои патуваат преку Меѓународниот Аеродром Скопје.  

 

„Воведувањето на нов лет до Рига од скопскиот аеродром и додавањето на airBaltic како нова авиокомпанија во портфолиото на ТАВ, како и влегувањето на авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар е одлична вест. Ова дополнување ќе им овозможи на клиентите беспрекорен пристап до многу културни, историски и деловни дестинации. Оваа нова авиолинија не само што ќе ја подобри поврзаноста, туку и ќе им овозможи на патниците да ги истражуваат овие различни региони со леснотија и удобност – Рига, со својот волшебен спој на историја, култура и современост, во исто време и бизнис-центар во балтичкиот регион, и Скопје и балканскиот регион, со своето историско значење, природни убавини, кујна и гостопримство. Честитаме на airBaltic и ја цениме нивната одлука бидејќи оваа нова авиолинија ќе ги поврзе балтичкиот и балканскиот регион.“ -изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.  

 

„airBaltic и натаму е водечка авиокомпанија во регионот, а со воведувањето на 11 нови линии следното лето, ќе ја зајакнеме нашата позиција и нашата амбиција да растеме, подобрувајќи ја поврзаноста од Балтикот. При подготовките за следна сезона, секогаш внимателно ја проценуваме состојбата на пазарот и побарувачката. Овој пат, идентификувавме можност да ја прошириме нашата мрежа во Централна и Југоисточна Европа со конекции со балтичките и нордиските земји. Затоа, драго ни е да ја прошириме понудата на airBaltic следното лето со практични и погодни директни летови до и од овој регион.“ – изјави Мартин Гаус, претседател и главен извршен директор на airBaltic. 

 

Билетите за новата авиолинија се достапни за резервација преку веб страницата на airBaltic www.airbaltic.com, со цени почнувајќи од 89 евра за патување во еден правец. 

 

Детали за новата авиолинија на airBaltic од Скопје

Дестинација

Број на неделни летови

Датум на прв лет

Цена*,

ЗЕЛЕНО

Скопје (Северна Македонија) – Рига (Латвија)

2 лета неделно

3 мај 2024

89 евра

*Најниската цена (еден правец), вклучувајќи даноци, такси и надоместоци за услуги, на www.airbaltic.com, е во зависност од достапноста