„ТАВ Македонија“ и „Виз ер“ во француски стил ги испратија првите патници од Скопје до Париз
Од моментот кога беше објавено воведувањето на авиолинијата до денес се направени повеќе од 4.000 резервации, а таа ќе сообраќа двапати неделно, во понеделник и во петок, во едно од новите летала „Ербас“ А320 што ги поседува компанијата
Изненадувајќи ги со по еден кроасан и сок од портокал, „Виз ер“, „ТАВ Македонија“ и претставниците на француската амбасада и францускиот институт во Скопје денеска ги испратија првите патници на новиот директен лет од Скопје до Париз. Поаѓајќи в петок од 17 часот и 45 минути оваа линија ќе сообраќа во истото време и во понеделник, што значи дека македонскиот и францускиот главен град отсега ќе бидат поврзани двапати неделно. Доказ за популарноста на дестинацијата се и направените повеќе од 4.000 резервации од моментот кога беше објавено воведувањето на авиолинијата до денес. Овој лет ќе биде опслужуван во едно од новите летала „Ербас“ А320 што ги поседува компанијата „Виз ер“.
- „ТАВ Македонија“ продолжува да ги исполнува очекувањата на своите патници. Париз, заедно со другите три линии од „Александар Велики“ до Брисел, Келн и Франкфурт, кои, исто така, отпочнаа да се реализираат во април, стана 14-та дестинациja на „Виз ер.“ Една прошетка низ Париз и посетата на неговите најпознати знаменитости се како лекција за историја, убавина, архитектура, и смислата на животот, без разлика дали додека сте на кафе и кроасан во некое кафуле на Трокадеро, на врвот на Ајфеловата кула, во Лувр, под Труимфалната капија, шетате на Шанзелизе, се забавувате во Дизниленд или се восхитувате на ракошот на дворецот Версај. Од денеска ова ќе стане стварност за сите оние кои мечтаеле да го видат или повторно да го посетат градот на светлината – истакна Зоран Крстевски, генералниот директор на „ТАВ Македонија“.
Оваа линија беше долгоочекувана меѓу корисниците кои сега можат да патуваат од Скопје до Париз по навистина ниски тарифи. Почетната цена на билетите за оваа линија се 2.499 денари односно 39.99 евра и можат да се резервираат преку интернет-страницата на компанијата wizzair.com
Амбасадорот на Франција во Република Македонија, г-а Лоранс Оер беше меѓу патниците на првиот лет кој одлета за Париз. Таа изјави: “Отворањето на директна авиолинија на релација Скопје-Париз претставува одлична можност за унапредување на односите меѓу двете земји, помеѓу претпријатијата, туристите и подобро откривање на атрактивноста на двете земји.“
Од „Виз ер“ се охрабрени од одличниот прием од македонските потрошувачи кои навистина ги користат ниските цени на компанијата. Според нив, тоа се случува на исклучително високо ниво.
- Повеќе од 700.000 патници извршија резервации за летовите од Скопје. Нашата компанија е посветена на обезбедување рути за суми кои се неверојатно ниски, а бројот на линии веќе достигна 14. Денеска го славиме воведувањето на новиот лет до Париз и со нетрпение ги очекуваме многуте патници во двете насоки на оваа атрактивна дестинација - изјави Тамара Мешвениераџе, менаџер за корпоративни комуникации во „Виз ер“.
За повеќе информации:
Христина Дојчинова Коцева, односи со јавност
ТАВ Македонија – Аеродром „Александар Велики“ Скопје
hristina.dojcinova@tav.aero
072 263 744
Корисни информации
Продавници и ресторани
На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...
Паркинг
Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....
Информации за летови
Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време
Често поставувани прашања
До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.
Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.
На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.
Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.
Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero
Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола.
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk
Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.
Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150
3ч – МКД 200
4ч – МКД 300
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-
За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:
https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/
https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/
https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals
https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html
https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals
https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1
Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.
https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.
Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.
Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.