ТАВ АЕРОДРОМИ НАЈАВУВА: ГРЧКИ AEGEAN ЌЕ ВОВЕДЕ НОВА АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ-САРАЕВО ОД ОКТОМВРИ

ТАВ АЕРОДРОМИ НАЈАВУВА: ГРЧКИ AEGEAN ЌЕ ВОВЕДЕ НОВА АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ-САРАЕВО ОД ОКТОМВРИ

ТАВ Аеродроми со задоволство го најавува претстојното воведување на новата авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, на која ќе лета AEGEAN од почетокот на октомври

 

 

AEGEAN, грчкиот национален авиопревозник и член на STAR ALLIANCE, ќе воведе нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2-ри октомври годинава, најавуваат од ТАВ Аеродроми.  

AEGEAN ќе почне да лета меѓу двата главни града од 2-ри октомври 2023 година, со воздухоплов ATR72-600, со три лета неделно, или секој понеделник, среда и петок.  

 

Возбудени сме што можеме да објавиме и да им честитаме на AEGEAN за одлуката да воведат лет од Скопје до Сараево од октомври оваа година и да овозможат одлична регионална поврзаност, од Атина на југ, преку Скопје, до Сараево на северот на Балканот. Оваа авио-конекција во исто време претставува и значајно достигнување во нашата посветеност како аеродромски оператор за подобрување на опциите за авионски патувања за нашите ценети патници.“изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

До крајот на летниот ред на летање за 2023 година, или до крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на скопскиот аеродром во 21:50 часот. Во текот на зимската сезона 2023/2024, времињата на пристигнување/заминување ќе бидат слични.

 

Резервација на авионски билети е достапна на веб-страницата на AEGEAN https://en.aegeanair.com/ и преку туристичките агенции.

 

Задоволство ни е да го објавиме воведувањето на нашата нова авиолинија од Скопје до Сараево, која ќе почне да сообраќа во октомври 2023 година и подобрувањето на нашите операции меѓу Атина и Скопје преку зголемен капацитет и фреквенции, бидејќи тоа ја одразува нашата посветеност да го прошириме присуството на Балканот и да го зајакнеме нашиот белег преку обезбедување зголемена поврзаност со висококвалитетните услуги на AEGEAN. Оваа авиолинија го означува и нашето враќање во Босна по предизвиците наметнати од ковид-19 пандемијата и пресреќни сме што повторно ќе се поврземе со нашите ценети патници во овој регион.  Од октомври, патниците од Скопје ќе имаат поголеми можности за поврзување преку Атина со мрежата на AEGEAN со речиси секојдневен лет што ќе го прошири нашиот досег до дестинации низ Грција, Европа и Блискиот Исток. Оваа новина нуди можности за патниците да истражуваат и да искусат различни дестинации со погодностите и сигурноста на високите стандарди по кои е позната авиокомпанијата AEGEAN“ изјави Роланд Јаги, главен комерцијален директор, AEGEAN.

 

Среќни сме што по тринаесет години Сараево повторно ќе се поврзе со главниот град на Северна МакедонијаСкопје. Особено не радува фактот што воведувањето на оваа авиолинија е резултат на заедничката и многу успешна соработка меѓу двата аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Меѓународниот Аеродром Сараево, и AEGEAN, грчкиот авиопревозник, кој што ги препозна важноста и потенцијалот за воспоставување на оваа авиолинија како одлична форма за подобрување на комуникацијата и зајакнување на соработката во областа на економијата и туризмот меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Веруваме во одличната ефективност и ефикасност на оваа авиолинија и се радуваме на првиот лет на AEGEAN на релација СкопјеСараево!“изјави Алан Бајиќ, директор на Меѓународниот Аеродром Сараево.

 

Како што велат од ТАВ Аеродроми, додавањето на оваа нова авиолинија на мрежата на рути и во портфолиото на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде уште еден придонес за веќе силниот позитивен тренд на закрепнување на бројките во однос на авиосообраќајот, особено за првата половина на 2023 година.

 

За периодот јануаријуни 2023 година, двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужиле вкупно 1,3 милиони патници, што е годишен пораст од 41% во однос на 2022 година, додека во однос на 2019 година, референтна година во однос на патничкиот сообраќај пред ковид-кризата, зголемувањето е за 15% повеќе патници во првата половина од оваа година. Во однос на бројот на летови за истиот период, вкупно 10.299 летови се опслужени на двата аеродрома што претставува годишен пораст од 23%.