СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ НА ЛИСТАТА МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ 10 ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА
Втора година по ред, ТАВ Македонија го добива престижното признание на ,,Скајтракс’’ - Светски аеродромски награди, рангирајќи го „Александар Велики“ меѓу десетте најдобри аеродроми во источна Европа
Скопскиот аеродром „Александар Велики“, со кој оперира ТАВ Македонија, е рангиран меѓу десетте најдобри авиопристаништа во источна Европа за 2016 година во рамки на Светските аеродромски награди што неодамна се одржаа во германскиот град Келн. Овој светски собир го организира реномираната британска организација „Скајтракс“ која што престижното признание на скопскиот аеродром му го доделува втора година по ред.
- Среќни сме што по вторпат ја добиваме Светската аеродромска награда на „Скајтракс“, која што го рангираше скопскиот аеродром меѓу десетте најдобри во источна Европа, што е уште еден доказ за посветеноста на ТАВ Македонија кон нашите ценети патници и авиопревозници. Ова е престижно признание во авијацијата кое што се доделува секоја година во конкуренција на 550 аеродроми ширум светот, при што се оценува искуството на патниците во различни аеродромски услуги, како што се чекирање, пристигнување, трансфери, шопинг, безбедност и т.н. Фокусирани на главниот аеродром во Република Македонија, во ТАВ Македонија сме посветени на развој на успешен лидерски тим и ги вреднуваме важните улоги кои аеродромските работници ги имаат на аеродромот, изјави Зоран Крстевски,генерален директор на ТАВ Македонија.
Скопскиот аеродром годинава се најде на 9. позиција на топ 10 листата на аеродроми во источна Европа, во категоријата – Најдобри аеродроми според регионот. Листата ја предводи аеродромот во Будимпешта, по што следат воздушните пристаништа во Талин, Киев, Рига, Белград, Тбилиси, Софија, Братислава, Скопје и Варна.
„Скајтракс“ наградите беа доделени на саемот за аеродромски услуги ,,Passenger Terminal Expo’’, кој неодамна се одржа во германскиот град Келн.
Според Светските аеродромски награди, најдобрите 10 аеродроми во светот за 2016 се: Чанги во Сингапур, Инчеон во Јужна Кореја, Минхен, Ханеда во Токио, Хонг Конг, Центраир во Нагоја - Јапонија, Цирих, Хитроу во Лондон, Кансаи во Јапонија и Хамад во Доха.
„Скајтракс“ е истражувачка организација основана во 1989 година со седиште во Лондон, Велика Британија. Организацијата е специјализирана за спроведување на истражувања во авиоиндустријата посветени на подобрување на услугите што авиокомпаниите и аеродромите им ги нудат на патниците низ светот.
Изминативе 16 години ги спроведува истражувањата за најдобрите авикомпании и аеродроми во светот. Доделувањето на Светските аеродомски награди почна во 1999 година, кога „Скајтракс“ го спроведе првото глобално истражување за задоволството на патниците од аеродромите. Денес, оваа награда се базира на спроведени 13,2 милиони анкети и прашалници, пополнети од аеродромски патници од 106 националности за време на периодот на испитување, кој траеше од јуни 2015 година до февруари 2016 година. Со истражувањето беа опфатени 550 аеродроми во светот, а преку него се проверуваа искуствата на патниците во поглед на различни аеродромски услуги како чекирање, пристигнување, трансфери, шопинг, безбедност и други услужни сегменти.
Скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ минатиот месец ја доби наградата ASQ (Airport Service Quality) за најдобар аеродром за 2015 година во Европа, во категоријата - аеродроми со помалку од 2 милиона патници, што е трет пат како го добива ова признание од страна на престижната авијациска организација ACI, по добивањето на наградата во истата категорија во 2012 и 2013 година.
ТАВ Македонија ја заврши 2015 година со пораст од 22% на вкупниот број на патници на двата македонски аеродрома – „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид, достигнувајќи бројка од 1.560.381 патник. Истовремено, вкупниот број на воздухопловни операции беше 15.510, со пораст 11% на годишно ниво. Трендот на зголемен сообраќај продолжува и годинава. Во првите два месеци од 2016година преку двата македонски аеродроми биле превезени 219.378 патници, што е пораст од 28% во однос на истиот период во 2015 година. Истовремено, бројот на операции (полетувања и слетување) на двата аеродроми е зголемен за 15%.
Најдобри аеродроми во Источна Европа
1 |
Будимпешта |
2 |
Талин |
3 |
Киев - Бориспољ |
4 |
Рига |
5 |
Белград |
6 |
Софија |
7 |
Братислава |
8 |
Тбилиси |
9 |
Скопје |
10 |
Тирана |
Корисни информации
Продавници и ресторани
На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...
Паркинг
Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....
Информации за летови
Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време
Често поставувани прашања
До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.
Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.
На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.
Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.
Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero
Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола.
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk
Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.
Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150
3ч – МКД 200
4ч – МКД 300
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-
За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:
https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/
https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/
https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals
https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html
https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals
https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1
Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.
https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.
Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.
Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.