1,8 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ВО ПРВИТЕ 9 МЕСЕЦИ ОД 2018 ГОДИНА

1,8 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ВО ПРВИТЕ 9 МЕСЕЦИ ОД 2018 ГОДИНА

1,8 милиони патници на скопскиот и охридскиот аеродром во првите 9 месеци од 2018 година

1,8 милиони патници патувале преку Меѓународниот Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Свети Апостол Павле во првите 9 месеци од 2018година, што е годишен пораст од 18%, соопшти ТАВ Македонија, компанијата која управува со македонските аеродроми. 

Во исто време, од јануари до септември 2018 година, бројот на летови на двата аеродроми е 15.395, со годишен пораст од 12%

-Завршивме уште една фрекфентна летна сезона на двата аеродроми, во Скопје и во Охрид и сега сме подготвени за зимската сезона која ќе почне на крајот од октомври со новиот зимски распоред на летови. Сумирајќи ги изминатите месеци важно е да се истакне дека по успешно завршените дискусии и преговори, на 1. јуни 2018 година, ЛОТ Полиш ерлајнс влезе на македонскиот пазар, отворајќи ја новата линија Варшава-Скопје, со фрекфенција од 6 лета неделно меѓу двата главни градови. На охридскиот аеродром отворивме 4 нови сезонски летови – Истанбул, Ајндховен, Талин и Варшава, додека од ноември 2018 Виена како уште една нова дестинација и регуларна авиолинија ќе биде отворена од Охрид. Очекуваме да продолжиме со истото темпо на двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај до крајот на 2018 година, којшто е повисок од официјалниот просек на ЕУ од 4,8% (јули 2018) и повисок од просечниот раст од 6,8% на патнички сообраќај на аеродромите кои не се во ЕУ, според ACI Europe, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија

Заедно со развојот на мрежата на авиолинии, како и секогаш, ТАВ Македонија е фокусирана на подобрување на квалитетот на услугите. Согласно оваа политика, на почетокот на јуни 2018 година во терминалната зграда на скопскиот аеродром беше отворен нов локал за храна и пијалаци – NeedStop, додека постоечките продавници беа преместени во просторот близу до шалтерите за пријавување,  веднаш до локалите за храна и пијалаци, со цел да се создаде поширок простор за чекирање на патниците, за тие да се чувствуваат попријатно додека се пријавуваат на летот. 

-Во август 2018, отворивме уште една новина на скопскиот аеродром – Детско катче, кое се наоѓа веднаш по пасошката контрола, до излезите, притоа додавајќи забавна содржина за најмладите патници. Дополнително, ќе воведеме нов вид на киосци за самопријавување, со цел патниците да не треба да чекаат  ред за пријавување, туку самите да го сторат тоа. Патниците ќе можат да земат налепница за багажот од машината и потоа да ја завршат процедурата со оставање на нивната торба на специјален шалтер во делот за чекирање, најавува Ерсој.    

Според статистиката за патничкиот сообраќај, од јануари до септември 2018 година, најфрекфентни дестинации на Меѓународниот Аеродром Скопје се: Истанбул (двата аеродроми Ататурк и Сабиха Гокчен, со 10,8% пазарен удел), Цирих (7,8%), Виена (5,7%), Базел (5,3%), Малме (4,5%) и Братислава (3,4%). 

Во однос на пазарниот удел на авиокомпаниите во вкупниот патнички сообраќај, Виз ер го превезе најголемиот број на патници со 60,3% удел на пазарот, а потоа следуваат Туркиш ерлајнс (7,8%), Аустриан ерлјанс (5,7%), Германиа флуг (4,5%), Пегасус ерлајнс (3,7%), Кроација ерлајнс (3,4%). 

Најфрекфентниот ден на Меѓународниот Аеродром Скопје во првите 9 месеци од 2018 година во поглед на патнички сообраќај беше 29-ти јули со превезени 8.796 патници, додека од аспект на број на воздухопловни операции најфрекфентен беше 2-ри август со 76 летови.

Покрај постојаниот двоцифрен пораст на патничкиот сообраќај, ТАВ Македонија бележи и значаен годишен пораст на карго-сообраќајот на скопскиот аеродром во првите 9 месеци од 2018 година, кој изнесува 2.676 тони и е поголем за 22% споредено со истиот период во 2017 година. 

Меѓународниот Аеродром Скопје е поврзан со 37 редовни авиолинии во текот на целата година, опслужени од 12 авиокомпании, и 4 чартер дестинации (летна сезона), опслужени од 6 авиокомпании.

Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле има 3 редовни авиолинии во текот на целата година и 8 сезонски дестинации, опслужувани од 12 авиокомпании.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.