ТАВ И МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ ГО ПРЕЧЕКАА ПРВИОТ ЛЕТ НА КАТАР ЕРВЕЈС ОД ДОХА ДО СКОПЈЕ

ТАВ И МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ ГО ПРЕЧЕКАА ПРВИОТ ЛЕТ НА КАТАР ЕРВЕЈС ОД ДОХА ДО СКОПЈЕ

СКОПЈЕМакедонија – Првиот редовен, директен, лет од Доха до Скопје денеска слета  на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Новата рута до главниот град на Република Македонија ќе биде опслужувана четири дена неделно со воздухоплов „Ербас А320“, што има 12 седишта во бизнис и 132 во економската класа.

Патниците од Доха беа пречекани со воден мост и традиционална македонска закуска. Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој, придружуван од Министерот за траспорт и врски Горан Сугарески и амбасадорот на Катар во Македонија, Хасан Бин Абдула Заид Ал Махмуд, на црвен тепих ги пречекаа и поздравија - Ехаб Амин, Главниот комерцијален директор на „Катар ервејс“ и Вукица Кртолица Поповска, македонскиот амбасадор во Катар, кои пристигнаа со првиот лет од Доха, по што сите заедно пресекоа торта во чест на отворањето на новата дестинација.

Извршниот директор на „Катар ервејс груп“, Акбар Ал Бакер изјави: „Ова лето е навистина исполнето за „Катар ервејс“, како што тече нашата експанзија во источна Европа. Нашата нова четиридневна услуга до Скопје е долгоочекуван додадок на нашата глобална мрежа на рути. Таа ќе ни овозможи да ги поврземе и бизнис-патниците  и туристичките патници до и од Република Македонија. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на патниците на летовите за овој одушевувачки град“.

Генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Ерсој, изјави: „Огромно е нашето задоволство од пречекот на првиот лет Доха-Скопје-Доха, авиолинија  која  ќе биде опслужувана четири пати неделно, како и од влезот на „Катар ервејс“ на македонскиот пазар, како еден од најценетите брендови меѓу авиокомпаниите во светски рамки. Доха ќе биде многу атрактивна нова дестинација за македонските граѓани, за туристички патувања, како и за бизнис-посети, и ќе ги поврзе со  150 дополнителни дестинации во светот“.

Скопје е порта до земја со драматични пејсажи, што вклучуваат прекрасни езера, планини и шармантни историски градови. Посетителите во Скопје можат да откријат маала од отоманската ера, да купуваат во Старата скопска чаршија или да го посетат езерскиот град Охрид и неговиот живописен замок. Патниците кои сакаат да го доживеат уникатниот културен и космополитски микс на градот ќе можат да ги купат своите билети на новата интернет-страница на „Катар ервејс“ или од мобилната апликација.

Македонија е центар за металопреработувачка, хемиска, дрвна, текстилна, кожна и печатарска индустрија и е вброена меѓу топ 10-те економии во светот за водење бизнис. Отворањето на новата рута до Скопје од наградуваната авиокомпанија ќе им помогне на претставниците на македонската бизнис-заедница да се поврзат со своите партнери во повеќе од 150 дестинации ширум светот.

Дополнително, почетокот на воздушната карго услуга  на „Катар ервејс карго“ до скопскиот аеродром ,,Александар Велики’’ ќе го поттикне растот на воздушната трговска размена на Република Македонија, со тоа што земјата ќе ја поврзе со главните увозници во североисточна Азија преку врвниот центар што авиокомпанијата го има во Доха. Новиот Центар за климатска контрола на карго-превозникот уште повеќе ги подобрува беспрекорните решенија на ладен ланец и нуди перфектни транзитни услуги што ќе го поддржат извозот на свежо овошје и зеленчук од Скопје.

Првата услуга на авиокомпанијата од Република Македонија ќе им овозможи на македонските патници полесен пристап до Австралија, каде што живеат повеќе од 200.000 граѓани со македонско потекло.

„Катар ервејс“ забрзано ја продолжува својата експанзија во Источна Европа, со услугите во Прага, Чешка, Сараево, Босна и Херцеговина и Киев, Украина, кои што ќе почнат до крајот на август.

„Катар ервејс“, националниот авиопревозник на државата Катар, е еден од најбрзо растечките авиопревозници, со една од најмладите флоти во светот. Во дваесетата година од своите операции, „Катар ервејс“ има модерна флота од 200 воздухоплови кои што летаат до бизнис и туристички дестинации на шест континенти.

Во првите шест месеци од 2017 година, „ТАВ Македонија“ оствари пораст на бројот на патници од шест проценти споредено со истиот период лани. На двата македонски аеродрома, од јануари до јуни, минале 860.130 патници. Со додавањето на новата рута Скопје-Доха на „Катар ервејс“, како и дополнителните дестинации и фреквенции на постоечките рути неодамна отпочнати на скопскиот аеродром, „ТАВ Македонија“ очекува уште повисока стапка на пораст на авиосообраќајот во втората половина од годината.

Корисни информации

Продавници и ресторани
Продавници и ресторани

На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...

Паркинг
Паркинг

Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....

Информации за летови
Информации за летови

Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150 
3ч – МКД 200 
4ч – МКД 300 
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400     
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

 

Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.

Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.