ЧЕХ ЕРЛАЈНС (CSA) И ТАВ МАКЕДОНИЈА НАЈАВУВААТ: РЕДОВНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ – ПРАГА ОД МАЈ 2016
Од 20 мај 2016 година, Чех ерлајнс (CSA) ќе ја обнови својата редовна авионска линија Скопје – Прага, со три лета неделно. Продажбата на билетите за летовите Скопје – Прага е почната преку сите канали на продажба од Декември 2015. Билет во еден правец чини од 85 евра, додека пак цената за повратен билет изнесува 159 евра вклучувајќи ги сите такси
Чех ерлајнс (CSA) ќе почне со операции на линијата Скопје – Прага од 20 мај 2016 и ќе лета два пати неделно кон аеродромот ,,Александар Велики’’. Полетувањето од Скопје ќе биде во понеделник и петок наутро во 04:10 по локално време, а пристигнувањето на аеродромот ,,Вацлав Хавел’’ во Прага во 06:00 по локално време.
Од 13 јуни 2016, авиопревозникот ќе додаде уште едно полетување од Скопје во среда во истото време. Летовите од Прага ќе бидат во четврток и недела, а од 14 јуни 2016 и од вторник, навечер од 22:25 по локално време, со пристигнување во Скопје во 00:25. Летовите ќе бидат оперирани со модерни воздухоплови Ербас A319 со 144 седишта во бизнис и економска класа. Летовите меѓу Скопје и Прага траат приближно два часа. Чех ерлајнс (CSA) планира да оперира преку целата година.
Билетите за редовните летови на Чех ерлајнс на релакција Скопје - Прага како и дополнителните услуги обезбедени од страна на авиопревозникот, како на пример резервација на седиште во воздухоплов, ажурирање на мени во Економска класа, вишок или дополнителен багаж и други услуги, веќе се во продажба од деветти декември 2015 година. Преку интернет-страницата на Чех ерлајнс: www.czechairlines.com, преку Контакт-центарот на авиокомпанијата и претставништвата за продажба на билети, како и во мрежата на туристичките агенции и продажни места за авионски билети.
-Мило ми е што Чех ерлајнс, благодарение на постојаните обновувања на активностите на Балканскиот полуостров, сега може да им понуди на граѓаните на Македонија директна конекција меѓу Скопје и Прага. Имајќи на ум дека период од еден месец за продажба на билети е многу краток период, сепак можеме да видиме дека првите резултати се многу оптимистички. Интересот за релацијата меѓу двата града, како и за летовите за конекција од Прага, првенствено до Германија и Скандинавија, е веќе потврден. Во наредните денови, ќе организираме деловни состаноци со туристички агенции и претставништва за продажба на билети на македонскиот пазар. Во исто време, веруваме дека директната врска меѓу Прага и Скопје ќе придонесе за натамошен развој на деловните односи меѓу двете земји. Исто така, убедени сме дека редовната директна врска ќе биде привлечна за туристите од двете земји. Македонија и Чешка, како и Скопје и Прага, без сомнение имаат бројни атрактивни места за сите видови туристи, изјави Jан Тот, директор за комерција, врски и маркетинг во Чех ерлајнс (CSA).
Редот на летање е направен да одговара на македонските деловни и туристички патници кои патуваат во Прага, односно Чешка. Двете целни групи ќе може да го планираат својот престој така што ќе имаат време од два полни дена со една ноќ или еден продолжен викенд.
-Со новата линија Скопје-Прага остваруваме уште едно барање на нашите ценети патници за директен лет до една од најубавите европски метрополи, градот на стоте куполи, како што ја нарекуваат Прага. Авиокомпанијата Чех ерлајнс (CSA) оваа линија успешно ја опслужуваше од 2005 до 2012 година. Повторното летање за Прага ќе овозможи поголема економска и културна размена меѓу Чешка и Македонија. Очекуваме поголем прилив на чешки туристи, како и зголемување на карго-превозот, изјави Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.
Пристигнувањето на новите летови од Скопје кон Прага е координирано со поаѓањето на многу редовни летови на Чех ерлајнс (CSA). Патниците кои патуваат од Скопје на тој начин ќе имаат можност да го продолжат патувањето со брз и лесен трансфер, со летовите Чех ерлајнс (CSA) до голем број на традиционални дестинации како што се Амстердам, Брисел, Франкфурт, Дизелдорф и Париз, но и многу градови во Скандинавија, како на пример Копенхаген во Данска, Гетеборг и Стокхолм во Шведска, како и Хелсинки во Финска. Од друга страна, воведувањето на редовни директни летови од Прага до Скопје ќе ја направи Македонија атрактивна и достапна за туристите од Чешка и од други земји.
По четиригодишна пауза поради преструктуирање, Чех ерлајнс (CSA) со оваа линија се враќа на своите традиционални дестинации на Балканскиот полуостров, од каде планира да почне операции на неколку дестинации до Прага. Во летната сезона 2016 година, Чех ерлајнс (CSA) планира да воведе и редовни летови до Прага од Загреб и од Сараево.
Историски, првиот лет од Скопје до Прага на Чех ерлајнс (CSA) беше на 17 мај 2005 година. Операциите на оваа линија беа прекинати на 17 март 2012 годдина поради преструктуирање на компанијата.
ТАВ Македонија ја заврши 2015 година со 22% зголемување на вкупниот број на патници на двата македонски аеродроми – ,,Александар Велики’’ во Скопје и ,,Свети Апостол Павле’’ во Охрид, притоа достигнувајќи вкупно 1.560.381 патници. Во исто време, вкупниот број на воздухопловни операции изнесува 15.510, што е зголемување од 11%.
Корисни информации
Продавници и ресторани
На аеродромот ќе најдете голем број на ресторани, продавници за сувенири, винска продавница, бесцаринска продавница, тобако...
Паркинг
Меѓународен Аеродром Скопје располага со сопствен паркинг простор....
Информации за летови
Информации за пристигнување и заминување на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје во реално време
Често поставувани прашања
До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 199 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.
Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.
Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 120 минути (2 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 40 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.
Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333, кој работи 24/7.
На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење на новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.
Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.
Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следниот е-мејл: customer.mk@tav.aero
Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола.
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk
Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка.
Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
1ч – МКД 100
2ч – МКД 150
3ч – МКД 200
4ч – МКД 300
4-6ч – МКД 400
6-8ч – МКД 500
8-24ч – МКД 1,000
3-5 дена – МКД 3,500
5-7 дена – МКД 4,500
Секој нареден ден – МКД 400
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг.
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со попреченост и паркингот за нив е бесплатен во рок од 24 часа. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за попреченоста на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со попреченост автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со попреченост се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на http://skp.airports.com.mk/mk-MK/passenger-guide-mk/page/-passengers-with-disabilities-and-passengers-with-reduced-mobility-prm-mk-
За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:
https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/
https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/
https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals
https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html
https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals
https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1
Wizz Air не дозволува домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.
https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage
Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Службата каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.
Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и по пунктот за безбедносен преглед.
Покрај собата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.
Пушењето е забрането во останатиот дел од терминалната зграда.
Во случај на општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе добиете одговори на Вашите прашања.