!!!KОВИД-19: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ

!!!KОВИД-19: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ

Скопје, 26-ти декември 2020

Драги патници, 

Би сакале да ве информираме дека како резултат на последната Одлука на Владата на Република Турција, донесена доцна синоќа, за влез во Турција по воздушен пат задолжително е прикажување на негативен PCR-тест не постар од 72 часа. Одлуката важи од 28-ми декември и ќе се применува до 1-ви март 2021.

Авиокомпаниите кои летаат од Меѓународниот Аеродром Скопје кон двата аеродроми во Истанбул, веќе ги известија патниците на нивните следни летови.
За повеќе информации во врска со оваа Одлука на Владата на Република Турција, ве молиме обратете се до релевантните авиокомпании https://www.turkishairlines.com/ и https://www.flypgs.com/, како и до Амбасадата на Република Турција http://skopje.emb.mfa.gov.tr

Дополнително, би сакале да ги замолиме сите патници кои патуваат преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, задолжително да се информираат за сите евентуални промени во КОВИД-19 политиките на земјите на нивно пристигнување, пред нивното патување, во амбасадите на земјите каде што сакаат да пристигнат. 

Во однос на промените во одлуките за задолжителни КОВИД-19 тестови за влез во одредена земја, или пак промени во рестриктивните политики на земјите на ЕУ за граѓаните на Република Северна Македонија, ТАВ Македонија како аеродромски оператор работи согласно инструкциите кои ги добиваме од авиокомпаниите, како и Одлуките на Владите во тие земји.