Известување за патници за забрана за движење 10-22.3.2021
Скопје, 10-ти Март 2021
Според вчерашната Одлука на Влада, со која од 22 часот вечерва, 10-ти март, почнува полицискиот час, кој ќе трае од 22 часот до 5 часот наутро, секој ден, во времетраење од две недели, до 22 март, сакаме да ве информираме дека согласно владината Одлука и известување https://vlada.mk/node/24494, од забраната за движење се изземени патниците на двата Меѓународни Аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со тоа што како дозвола за движење ќе им се признаваат авионските карти.