Самостојно оставање багаж

Самостојно оставање багаж

  Известување 
Услугата за самостојно оставање багаж на Меѓународниот Аеродром Скопје, моментално, е достапно само за летови на авиокомпанијата Wizz Air (освен за летовите до Лондон-Лутон).

Кажете збогум на долгите редици и уживајте во побрзо и безгрижно патување низ аеродромот со киосците за самостојно оставање багаж. Оваа лесна за користење услуга ви овозможува брзо да го предадете вашиот багаж, за да стигнете побрзо до излезот (гејтот) и да се фокусирате на вашиот лет.

Како функционира:
1.    Регистрирајте се онлајн и преземете важечка карта за качување во авион (валидна бординг карта со баркод). 
2.    Подгответе го вашиот багаж и бидете сигурни дека се совпаѓа со багажот наведен на купениот авионски билет во однос на димензиите и тежината и дека во багажот нема забранети предмети.
3.    Упатете се до еден од киосците за самостојно оставање багаж во аеродромската терминална зграда (во делот за заминување и шалтерите за регистрација на патници и багаж).
4.    Изберете јазик со кликање на едно од знамињата на екранот на киоскот за самостојно оставање багаж  
5.    Ставете го багажот на лентата за багаж веднаш до киоскот каде што всушност багажот ќе биде измерен. 
6.    Скенирајте го баркодот на вашата бординг карта (печатена или дигитална). Системот ќе ги потврди вашите податоци и ќе ги провери барањата за багажот (димензии и тежина).
7.    Потврдете дека во багажот нема забранети предмети.
8.    Почекајте приврзокот за багаж да се испечати, потоа залепете го приврзокот на рачката од багажот, како што е прикажано на екранот. 
9.    Потврдете дека приврзокот е правилно прикачен на багажот
10.    Притиснете на копчето за испраќање на багажот
11.    Преземете ја потврдата за вашиот багаж. 
12.    Продолжете со вашето патување: Откако вашиот багаж ќе биде регистриран (чекиран), можете да се опуштите пред летот. Упатете се на соодветниот излез за качување во авион (гејт), а вашиот багаж ќе ве чека на вашата дестинација. 

Потребна ви е помош?  
Доколку имате проблем при процесот на регистрација на вашиот багаж, кликнете на МИ ТРЕБА ПОМОШ во горниот десен агол на екранот, а нашите колеги, агентите за регистрација на патници и багаж со задоволство ќе ви помогнат за успешно да го завршите процесот.

Важно:  
Можете самостојно да го регистрирате вашиот багаж најрано 4 часа пред летот, а најдоцна 40 минути пред летот.  
Патниците со Priority Boarding  – ако сакате да ја регистрирате вашата торба со тркалца, ве молиме да се обратите на шалтерот за регистрација на патници и багаж за вашиот лет.