Здравје и безбедност (КОВИД-19)

Здравје и безбедност (КОВИД-19)

Меѓународниот Аеродрoм Скопје е подготвен да ве пречека!

Почитуван Патнику,

Сега, кога Меѓународниот Аеродром Скопје, е повторно отворен за летови, го правиме најдоброто за да ве увериме дека можете да се чувствувате безбедно додека патувате преку аеродромот. 
Ги следевме препораките на националните и меѓународните здравствени власти, како и најдобрите практики од воздухопловната индустрија и подготвивме и имплементиравме нов Протокол за аеродромско работење во време на пандемија.

Ги вложивме сите наши напори, знаења и вештини, со цел аеродромот да биде безбеден за вашите патувања и за вашите нови авантури.
Нашиот план за чистење, дезинфекција и одржување хигиена, е креиран со цел  вие да бидете сигурни и без грижи во однос  на вашето здравје и вашата безбедност, додека сте на аеродромот.  
Нашиот искусен персонал е подготвен да ве упати и да ви помогне, со цел да се обезбеди здрава и безбедна средина за вас.  

Погледнете го нашето видео креирано како “водич за патници”, за да се запознаете со новиот редовен процес за патување преку аеродромот.  
https://www.youtube.com/watch?v=pLL4Q27EXC8

МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ АКРЕДИТИРАН СО ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АЕРОДРОМИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА АЕРОДРОМИ
Како резултат на спроведувањето на Протоколот за аеродромско работење во време на пандемија, од страна на ТАВ Македонија во 2020 година, Меѓународниот Аеродром Скопје го доби Здравствениот Сертификат за аеродроми од страна на Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International), во рамки на нивната Здравствена програма за акредитација на аеродроми.
Станува збор за  нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креиран за да помогне да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје.

ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД–19 НА АЕРОДРОМОТ

Со цел да излеземе во пресрет на барањата за задолжителни негативни Ковид – 19 тестови како предуслов за патување со авион, воведени од земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија, најде решение со овозможувење тестирање со брзи антиген-тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје и тие сега можат да се направат непосредно пред патувањето.
Од 24-ти јануари 2021, пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, близу влезот “Departures C”, се наоѓа монтажен објект за тестирање поставен од овластена лабораторија, каде патниците можат да ги извршат бараните брзи антиген-тестови и да добијат резултати за 20 до 30 минути од земањето примерок.
За повеќе детали за оваа услуга на Меѓународниот Аеродром Скопје, Ве молиме кликнете овде.
За детални информации поврзани со тестови кои се прифаќаат во земјите од ЕУ/ Шенген зоната, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која патувате и амбасадата на земјата во која патувате.
Доколку одлучите да правите брз антиген тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, апелираме да пристигнете на аеродромот најмалку 4 часа пред времето на полетување.
Со оглед на тоа што земјите од ЕУ/Шенген зоната постојано ги менуваат условите за патување поврзани со Ковид – 19 и секоја земја самостојно прави промени во рестрикциите за граѓаните на Република Северна Македонија, апелираме до патниците пред да тргнат на нивното патување, задолжително да ги проверат последните барања со авиокомпанијата со која патуваат и со Амбасадата на земјата во која патуваат.