Патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM

Патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM

ТАВ Македонија како аеродромски оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, и како компанија којашто се грижи да обезбеди квалитетно патувачко искуство за своите  клиенти  постојано е посветена на задоволување на потребите на лицата со попреченост и на лицата со намалена или ограничена подвижност.

Пристапноста се смета за важен сегмент од нашето секојдневно работење со цел да обезбедиме еднакви можности за сите клиенти.

Затоа, зоните за патници во рамки на аеродромската инфраструктура, капацитетите и услугите се изградени и модифицирани со цел да може да ги користи секој.

Согласно РЕГУЛАТИВАТА (ЕС) 1107/2006 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ од 5 јули 2006г. во однос на правата на лицата со попреченост и лицата со намалена подвижност при патување со воздухоплов аеродромот е должен и одговорен да обезбеди помош на лицата со намалена подвижност (PRM).

Лице со намалена подвижност (Person with Reduced Mobility – PRM) е секое лице чија што подвижност е намалена поради физичка неможност (сензорна или локомоторна), интелектуален недостаток, возраст, болест или која било друга причина за попреченост при користење на транспортот и чијашто ситуација има потреба од посебно внимание и приспособување на потребите на лицето на услугите достапни за сите патници.

За да одговори на потребите на патниците со намалена или ограничена подвижност и да ја обезбеди потребната помош и поддршка, ТАВ Македонија има обучен и квалификуван персонал кој е подготвен да ги пречека и да обезбеди услуги за лицата со попреченост и лицата со намалена подвижност на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид.

БАРАЊЕ ПОМОШ

Патниците на кои им е потребна помош треба да ја контактираат и да ја известат авиокомпанијата, туристичкиот агент или туроператорот со детали за нивните барања за помош најмалку 48 часа пред поаѓањето на нивниот лет.

Важно е патниците кои бараат помош за движење да ја контактираат авиокомпанијата, туристичкиот агент или туроператорот директно бидејќи нивното натамошно патување може да биде засегнато од правилата за безбедност што ги применува авиопревозникот за превоз на лица со намалена подвижност.

Покрај ова, лицата со попреченост и лицата со намалена или ограничена подвижност можат лесно да го најават своето пристигнување на Аеродромот и да побараат помош на која било од трите локации:

 

ПАРКИНГ МЕСТА ЗА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ

На Меѓународниот Аеродром Скопје има вкупно 20 паркинг-места за инвалидни лица, каде што користењето на паркингот е бесплатно во рок од 24 часа.

За одобрување на бесплатно паркирање потребно е патникот да се упати во канцеларијата за паркинг и да приложи сообраќајна дозвола од возилото и инвалидска легитимација (да се идентификува како лице со инвалидитет). Ова важи само доколку лицето со инвалидитет е сопственик на возилото и тој управува со истото.

Растојанието од означените паркинг места за лица со инвалидитет/попреченост до влезните врати на аеродромската зграда е 48 метри.