Здравје и безбедност (КОВИД-19)

Здравје и безбедност (КОВИД-19)

Од почетокот на пандемијата во 2020 година до денес, ТАВ Македонија, како аеродромски оператор на двата аеродрома, Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле Охрид, прави се за да ве увери дека можете да се чувствувате безбедно додека патувате преку нашите аеродроми.

Најдобрите практики од воздухопловната индустрија заедно со препораките на домашните и меѓународните здравствени власти се пресликани во Протокол за аеродромско работење во време на пандемија што ни служи како водич за да ги заштитиме и за да овозможиме безбедна и здрава средина за нашите вработени, за нашите патници и за клиентите.  

Ги вложивме сите наши напори и знаења и вештини за нашите аеродроми да бидат безбедни за вашите патувања и за вашите нови авантури.
Нашиот план за чистење, дезинфекција и одржување хигиена
е креиран со цел  вие да бидете сигурни и без грижи во однос  на вашето здравје и вашата безбедност, додека сте на аеродромот. Нашиот искусен персонал е подготвен да ве упати и да ви помогне, со цел да се обезбеди здрава и безбедна средина за вас.

МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ АКРЕДИТИРАН СО ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АЕРОДРОМИ ОД МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТ НА АЕРОДРОМИ

Како резултат на спроведувањето на Протоколот за аеродромско работење во време на пандемија, од страна на ТАВ Македонија во 2020 година, Меѓународниот Аеродром Скопје го доби Здравствениот Сертификат за аеродроми од страна на Меѓународниот Совет на Аеродроми (Airports Council International), во рамки на нивната Здравствена програма за акредитација на аеродроми.

Станува збор за  нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креиран за да помогне да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје.

ТЕСТИРАЊЕ ЗА КОВИД–19 НА АЕРОДРОМОТ

Со цел да излеземе во пресрет на барањата за задолжителни негативни Ковид – 19 тестови како предуслов за патување со авион, воведени од земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија, најде решение со овозможувење тестирање со брзи антиген-тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје и тие сега можат да се направат непосредно пред патувањето.

Пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, близу влезот “Departures C”, се наоѓаат монтажни објекти за тестирање поставени од овластени лаборатории, каде патниците можат да ги извршат бараните брзи КОВИД-19 тестови и да добијат резултати за 20 до 30 минути од земањето примерок.

За детални информации поврзани со тестови кои се прифаќаат во земјите од ЕУ/ Шенген зоната, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која патувате и амбасадата на земјата во која патувате.

Доколку одлучите да правите брз антиген тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, апелираме да пристигнете на аеродромот најмалку 4 часа пред времето на полетување.

Со оглед на тоа што земјите од ЕУ/Шенген зоната постојано ги менуваат условите за патување поврзани со Ковид – 19 и секоја земја самостојно прави промени во рестрикциите за граѓаните на Република Северна Македонија, апелираме до патниците пред да тргнат на нивното патување, задолжително да ги проверат последните барања со авиокомпанијата со која патуваат и со Амбасадата на земјата во која патуваат.

Често поставувани прашања

До/од Меѓународниот Аеродром Скопје има редовен автобуски превоз за патници којшто поминува и застанува на клучни автобуски постојки низ градот Скопје и пристигнува до аеродромот. Со овој автобуски превоз управува компанијата V2V Transporter. Возниот ред на автобусот се подготвува според распоредот на летови  на Меѓународниот Аеродром Скопје. Билетот во една насока за автобускиот превоз чини 180 денари. Повеќе информации можете да најдете во делот Водич за патници на веб-страницата, односно на Автобус.

 

Меѓународниот Аеродром Скопје работи 24/7. Рестораните и кафулињата како Cakes & Bakes, Café In, Burger King и Need Stop им се постојано достапни на патниците; бизнис-салонот (PrimeClass CIP Service) нуди комфор 24/7, а бесцаринската продавница (ATU Duty Free) е отворена согласно летовите и нуди широк асортиман на производи.

Пријавувањето на патниците на шалтерите за пријавување патници и багаж почнува 180 минути (3 часа) пред закажаното време на полетување (STD) наведено на вашиот авионски билет. Времето на затворање на шалтерот за пријавување на аеродромот е најдоцна 60 минути пред закажаното време на полетување наведено на вашиот авионски билет.
Од почетокот на пандемијата со ковид-19, поради барањата за различни патни документи наметнати од различни земји, ТАВ Македонија апелира патниците да пристигнуваат на аеродром 3 часа пред полетување.
 

За информации во врска со летовите, следете ја веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје, во делот Пристигнувања и/или Заминувања, каде што сите промени во распоредот на летови се обновуваат во реално време, односно како што ни пристигнуваат информациите од авиокомпаниите.

Доколку Ви се потребни итни дополнителни информации за Вашиот лет, можете да го контактирате Шалтерот за информации на Меѓународниот Аеродром Скопје  на телефонскиот број: +38923148333, кој работи 24/7.

На патниците им е дозволено да носат предмети за кои не се наплаќа како што се: палто, 1 чадор или бастун, 1 женска чанта, 1 камера или двоглед, 1 корпа за носење новороденче, 1 пар патерици или слични протетички помагала, медицинска опрема од која патникот е зависен, соодветна количина храна за бебиња.

Во врска со висината на надоместоците за багаж, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која летате, бидејќи секоја авиокомпанија има своја политика и правила за багаж.

Ако имате специфични прашања во врска со дозволени/недозволени предмети во багажот, поставете го Вашето прашање до нашиот Оддел за односи со клиенти, на следната е-адреса: customer.mk@tav.aero

 

Во случај на изгубен или оштетен багаж, веднаш упатете се во Одделот за изгубен багаж, кој е лоциран близу до лентите за подигнување на багажот, односно во зоната за Пристигнувања во државата и по Пасошка контрола, а пред Царинска контрола. 
Нашите вработени ќе ви изготват записник за изгубен/оштетен багаж, со кој потоа ќе се обратите до вашата авиокомпанија. Доколку ви е потребно да го контактирате одделот за изгубен багаж, пишете ни на: lostbaggage@tav.aero 
За изгубени/најдени предмети во авион, контактирајте нé на истиот мејл: lostbaggage@tav.aero 
Ако изгубите или најдете личен предмет во аеродромската зграда, веднаш пријавете или на Шалтерот за информации или пак кај вработените од обезбедувањето, а доколку сте веќе заминати од аеродромот пишете ни на lost.property@tav.aero   
Сите детали на: http://skp.airports.com.mk/.../airpo.../page/lost-luggage-mk

Да. Од 2015 година ТАВ Македонија има воведено бесплатен безжичен, Wi-Fi, интернет на Меѓународниот Аеродром Скопје. Патниците можат преку нивните мобилни уреди да го користат бесплатниот безжичен интернет со едноставно приклучување на безжичната мрежа со име: TAV Airports, без потреба од впишување лозинка. 

 

Вашето возило може да го паркирате на нашиот паркинг без претходна резервација. Оваа услуга е достапна 24/7 на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Ценовник за паркинг:
до 1ч.    – 90 ден.    
до 2ч.    – 130 ден.    
2 – 4ч.    – 250 ден.    
4 – 8ч.    – 400 ден.    
до 24ч.    – 700 ден.    
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има посебно означени паркинг-места за лицата со инвалидитет и паркингот за нив е бесплатен. Со покажување на сообраќајната дозвола и легитимацијата за инвалидитет на Шалтерот за наплата на паркинг, лоциран во терминалната зграда, нашите вработени ќе го поништат паркинг-билетот и лицето со инвалидитет автоматски ќе биде ослободено од плаќање паркинг. Доколку сите паркинг-места за лицата со инвалидитет се зафатени, паркирајте се на обично место и следејќи ја истата постапка ќе бидете ослободени од плаќање паркинг.
За повеќе информации за паркинг услугите, ве молиме кликнете на Паркинг или на Патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM

За патување со миленик во авион потребно е патниците да ги обезбедат сите потребни документи и вакцини за животното пред да тргнат на пат. За подетални информации обратете се во авиокомпанијата со која летате:

https://en.aegeanair.com/travel-information/special-assistance/traveling-with-pet/

https://www.airserbia.com/en/information/ancillary-services/traveling-with-your-pets/about-the-service

https://www.turkishairlines.com/en-us/any-questions/traveling-with-pets/

https://www.croatiaairlines.com/Travel-info/Special-passenger-categories/Animals

https://www.qatarairways.com/en/baggage/animals.html

https://www.austrian.com/Info/Flying/TransportationAnimals

https://www.flypgs.com/en/write-to-us/a0j58000000NHWFAA4#sf-1

https://www.flydubai.com/en/

https://www.lot.com/

https://www.flyedelweiss.com/EN/prepare/flight-preparation/animals-travelling/Pages/general-information.aspx

Авиокомпанијата Wizz Air не дозволува превоз на домашни миленици во авион, со исклучок на кучиња водичи кои придружуваат лица. За овие кучиња е неопходно да се достават соодветни документи за патување.

https://wizzair.com/en-gb/information-and-services/travel-information/baggage

Да. Меѓународниот Аеродром Скопје има Служба за помош на патници со попреченост и патници со намалена подвижност – PRM. Шалтерот каде што може да се најде оваа бесплатна услуга, се наоѓа веднаш до Шалтерот за информации, во терминалната зграда. Како личност со намалена подвижност (PRM) се подразбира секое лице чија подвижност е намалена поради физичка попреченост (сензорна или локомоторна), интелектуален дефицит, возраст, болест или друга причина.

Да. На Меѓународниот Аеродром Скопје, има просторија за пушење, која се наоѓа во безбедносно-контролираната зона. Просторијата за пушење се наоѓа веднаш до излез број 201, односно од левата страна по пасошка контрола и безбедносната контрола. 

Покрај просторијата за пушење, патниците можат да ги користат и отворените тераси од кафетериите кои се наоѓаат на влезот во терминалната зграда на аеродромот.

Пушењето е забрането во преостанатиот дел од терминалната зграда

Доколку имате општи прашања за кои не ви е потребен итен одговор, жалби или пофалби, пишете ни на customer.mk@tav.aero. Тоа е нашиот Оддел за односи со клиенти, од каде во најкус можен рок ќе Ви одговори на Вашите прашања.