Тестирање за КОВИД-19 на аеродромот

Тестирање за КОВИД-19 на аеродромот

Со цел да излеземе во пресрет на барањата за задолжителни негативни Ковид – 19 тестови како предуслов за патување со авион, воведени од земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ Македонија, најде решение со овозможувење тестирање со брзи антиген-тестови на Меѓународниот Аеродром Скопје и тие сега можат да се направат непосредно пред патувањето.
Од 24-ти јануари 2021, пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, близу влезот “Departures C”, се наоѓа монтажен објект за тестирање поставен од овластена лабораторија, каде патниците можат да ги извршат бараните брзи антиген-тестови и да добијат резултати за 20 до 30 минути од земањето примерок.
За повеќе детали за оваа услуга на Меѓународниот Аеродром Скопје, Ве молиме кликнете овде.
За детални информации поврзани со тестови кои се прифаќаат во земјите од ЕУ/ Шенген зоната, Ве молиме контактирајте ја авиокомпанијата со која патувате и амбасадата на земјата во која патувате.
Доколку одлучите да правите брз антиген тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, апелираме да пристигнете на аеродромот најмалку 4 часа пред времето на полетување.
Со оглед на тоа што земјите од ЕУ/Шенген зоната постојано ги менуваат условите за патување поврзани со Ковид – 19 и секоја земја самостојно прави промени во рестрикциите за граѓаните на Република Северна Македонија, апелираме до патниците пред да тргнат на нивното патување, задолжително да ги проверат последните барања со авиокомпанијата со која патуваат и со Амбасадата на земјата во која патуваат.